| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Водни ресурси
|
 |
Хидрографијата
ја сочинуваат водните текови на Оревоечка, Дабничка, Селечка и Сува река
(со изворишта северно од с. Волково). Сите водни текови се сретнуваат
југозападно од урбаното подрачје во Прилепска река, која после 13,5 км
се влива во Црна река со просечен проток од 0,18 м3/сек. Тековите Оревоечка
река Дабничка река се регулирани низ опфатот на урбаното подрачје. Падините
на Маркови кули и Зеленик од север и на Селечка планина од запад и југозапад
се во голема мера диседирани со поројни јаруги кои во време на непогоди,
и покрај направените ободни канали, заради нивното несоодветно одржување,
нанесуваат земјен материјал и други наплавини по градските улици.
Статичкото ниво на подземните води се движи од 1,0 до 4,0 м, под нивото на теренот.
|
|
|
 |
|