ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Телефонски именик

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
   - Водни ресурси

•  Туризам

Информации за локалната самоуправа
•  Општински совет
•  Градоначалник
•  Општинска админинистрација
•  Општи акти
•  Здруженија во коишто членува општината
•  Општини со коишто соработува
•  Непосредно учество на граѓаните во одлучувањето

•  Контакт
•  Impressum
 Земјоделство
Регионот на Општина Прилеп поседува релативно слаби водни ресурси. Затоа водоснабдувањето со вода за пиење се врши од хидросистемот Студенчица чие извориште се наоѓа надвор од Општина Прилеп.
 
Најголема акумулација претставува Вештачкото езеро која што првенствено служи за наводнување на земјоделски површини. Ова езеро претставува и значајно туристичко место бидејќи е порибено и извонредна прилика за риболов и рекреација.
 
Поважни водни ресурси претставуваат т.н. мали акумулации како што се: Волково 1, Волково 2 и Плетвар. Порибени се и се користат за наводнување а и за спортски риболов.
 
Повеќето реки кои што течат низ Општина Прилеп се суводолици односно повремено се појавуваат. Реки кои што течат низ Општина Прилеп се: Оревоечка, Дабничка, Селечка и Сува Река.
 
Водоснабдување во Прилеп
Снабдувањето со вода за пиење во Прилеп, е обврска на ЈП „Комуналец“. Пред изградбата на системот „Студенчица“, Прилеп често се соочувал со недостатоци на вода. Ова било особено истакнато во раните 90-ти години. Како резултат на ова, многу од клучните индустрии изградиле свои сопствени ресурси, воглавно бунари. Овие додатни извори на вода мораат да се земат во предвид за да се одреди волуменот на отпадните води. Димензионирањето на пречистителната станица понатаму се комплицира со приклучување кон системот за канализација. Се проценува дека:
 
- Околу 70% од домаќинствата се приклучени;
- Многу од индустриските потрошувачи ,вклучувајќи и оние со свои сопствени ресурси ,исто така не се приклучени.

 
Табела за потрошувачка и производство на вода за   снабдителното подрачје на ЈП Комуналец (милиони м3)
 
  Домашно Индустриja Училиштa Општина Вкупно
Потр.
Вкупно
Произв
1994
1995
1996
1994
3.024
2.953
3.004
3.157
1.547
1.586
1.607
1.488
58
69
80
107
74
75
77
79
4.730
4.682
4.782
4.831
9.589
10.288
8.946
10.855
 
 
Сопствени извори
Како додадок на горе наведената потрошувачка на вода неколку клучни индустрии во Прилеп имаат свои ресурси, и тоа:
 
 -Фабрика за текстил - „БИЛЈАНА“
Организацијата има два бунари од кои сега се користи само едниот. Бунарот има капацитет од 8 л/сек и работи преку целиот ден за да ги задоволи потребите на производството, воглавно изработка на памучна волна. Производството не се остварува во недела или за државен празник. Ова укажува дека годишното производство е околу 200000 м3.
 
  - Прилепска Пиварница АД
Прилепска пиварница ад е фабрика за пиво и за безахохолни пијалоци. Фабриката има пет бунари, а планира да изгради уште два. Организацијата проценува дека годишната потрошувачка е околу 3 мил.м3
 
  - Мермерен Комбинат
Мермерниот комбинат има еден бунар со капацитет од 6 л/сек. Произведената вода се употребува во процесот на изработка и се рециклира. Мал дел од водата се испушта. Затоа, во врска со сегашната анализа оваа побарувачка може да се игнорира.
 
   - Тутунски Комбинат
Потребите од сирова вода на оваа фабрика се задоволени од “Вештачкото Езеро” и не се употребува дистрибуциониот систем на водоводната организација. Оваа вода воглавно се употребува за градинарски работи и чистење во трите фабрики на Тутускиот комбинат. Мал дел од оваа вода се враќа во канализациониот систем.
 
Вкупната побарувачка за вода во Прилеп, без побарувачката на фабриката за мермер и Тутунскиот комбинат се проценува да биде околу 14 мил.м3.Водата директно снабдена од ЈП Комуналец е прикажана да биде 10.8 мил.м3.Треба да се забележи дека голем дел од  додатно потрошената вода се употребува во индустриските процеси и затоа не влегува во канализациониот систем.
 
Побарувачка на вода од домаќинствата
Домашната побарувачка сочинува околу две третини од вкупната побарувачка на Прилеп, и пораснала во просек за околу 1.4% годишно  од 1994 година. Вкупниот број на домашни потрошувачи во 1997 бил 20,932, што значи просечна дневна потрошувачка од околу 410 литри по домаќинство. Вкупното населеление на Прилеп, опслужено  од ЈП „Комуналец” се проценува, од општински извори, да биде околу 71,2000 со просечна големина на семејство од 3.4. Просечната потрошувачка  по жител е околу 120 литри на ден.
 
Бројност на население
Бројот на населението во Прилеп, се предвидува да се зголеми согласно со историските стапки на раст од 1.7% годишно,со тоа што бројот на населението ќе се зголеми од околу 70.000  до преку 100.000 до 2020 година. Бројот на потрошувачите се предвидува да се зголеми од сегашните 20.900 приклучоци до околу 32.200 до  2020 година.
Sponsoring: lastminute.mn
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-05-09
Можна ќелија на Ал Каеда и во Македонија ... Читај повеќе

2008-05-09
Студенти први добија нови црногорски пасоши ... Читај повеќе

2008-05-09
Медиумите злоупотребуваат со изборното рекламирање ... Читај повеќе

2008-05-09
Иран ги обвини САД и Израел за кризата во Либан ... Читај повеќе

2008-05-09
Српската Влада ги усвои Договорите со ЕУ и со Русија ... Читај повеќе

2008-05-09
Утврден редоследот на изборните листи ... Читај повеќе

2008-05-09
Полицајците ќе учат како да се однесуваат со Ромите ... Читај повеќе

2008-05-09
Франција ќе ја помогне евроинтеграцијата на Македонија ... Читај повеќе

» Останати топ вести