| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Рудници
|
 |
Најважни наоѓалишта за мермер претставуваат рудникот Сивец кој е најголем и е десетина
километри оддалечен од Прилеп. Останати рудници за мермер има во местата
Тројаци, Плетвар и Беловодица. Рудници за гранит има во местата Кукул и Слива.
Подрачјето на кое се простира рудникот за бел мермер "Сивец" припаѓа на масивот југо-западно од планината
Бабуна. Самото лежиште е во пресекот меѓу планината Бабуна и Козјак со
правец на протегање северозапад-југоисток, со должина од 3 км и ширина од
2 км. Во поголемиот дел од своето протегање мермерот излегува на површина
каде под влијание на атмосферските услови добива сива боја од каде и
лежиштето го добило името "Сивец".

Комуникациските односи на рудникот се
многу добри. Од Прилеп е оддалечен 10 км, од кој пат 8 км се асфалтирани,
а последните 2 км е макадам и во текот на целата година целиот пат е
прооден. Оваа добра комуникациска врска со Прилеп,од кој град натаму водат
патиштата не само со Р.Македонија туку и надвор од границите на на на шата
држава, во Европа , па и во светот, е од многу големо значење за
дистрибуцијата на белиот мермер кој се доставува до крајните купувачи во
блокови и во плочи.
Sponsoring: Wein
|
|
|
 |
|