| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Рударство
|
 |
Околината на Прилеп претставува недоволно испитано подрачје во однос на расположивото
рудно богатство. Во некои делови откриени се богати природни ресурси кои
можат да извршат револуционерен пресврт во перспективниот развој на регионот.
Овде се мисли на нуклеарните суровини и други руди кои што се концентрирани
во Мариовскиот громаден масив. Постојат и наоѓалишта на железна руда, но
регионот на Прилеп изобилува со наоѓалишта на мермер и гранит. Главните
рудници се наоѓаат во местата Сивец, Кукул, Плетвар, Беловодица, Тројаци,
Небрегово и Слива.
|
|
|
 |
|