| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Отворена канцеларија на градоначалникот
|
 |
Повелете секој работен ден од 7 до 15 часот во соба број 50.
-
Отворената канцеларија на градоначалникот е посебна служба во рамките на Единицата
на локалната самоуправа (општината). Таа претставува можност за подобрување
комуникацијата меѓу Локалната самоуправа од една и граѓаните и Невладините
организации од друга страна, на начин кој на граѓаните на општина Прилеп
им се дава чувство дека нивните потреби се приоритетна грижа на Локалната
самоуправа, односно општината.
-
На барање на граѓаните, а во интерес за заштеда на нивното време, се напушта досегашната
пракса според која во текот на седмицата за нив и нивните потреби беше
резервиран само еден ден. Во Отворената канцеларија на градоначалникот,
секој работен ден, граѓаните и Невладините организации ќе можат
да побараат или понудат информации од најразличен вид: Во зависност
од нивниот карактер, конкретниот одговор граѓаните ќе го добијат на
лице место. Доколку пак за тоа е потребно подолго време одговорот, во
пишана форма или преку телефон, ќе им биде доставен одложно.
Отворената канцеларија на градоначалникот:
-
Разгледува барања од граѓани, НВО и правни лица и дава мислење по истите;
-
Дава правна помош на граѓаните и им помага и укажува за начинот за остварување на нивните права;
-
Дава информации на граѓаните во областа на градењето и прибирањето на неопходната техничка
документација потребна за градба, информации за висината на комуналните давачки и сл.;
-
Дава информации од областа на водоснабдувањето и комуналната хигиена;
-
Помага во изработката на проекти кои се од интерес на општината;
|
|
|
 |
|