| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Водовод и канализација
|
 |
Водоснабдувањето на градот Прилеп се врши 90% од регионалниот водосистем „Студенчица“,
10% од други извори.
Населените места кои се водоснабдуваат од сопствени извори се: Големо Коњари, Кадино
Село, Мало Коњари, Беровци, Беловодица, Старо Лагово и Плетвар. Од вкупниот
број на населени места во општина Прилеп од сопствени извори процентуално
изразено се снабдуваат 22.58% населени места.
Од хидросистемот „Студенчица“ се снабдуваат следните населени места: Селце, Ново Лагово
и Мажучиште. Од вкупниот број на населени места во општина Прилеп од хидросистемот
„Студенчица“ процентуално изразено се снабдуваат 9.67% населени места.
Останатите населени места немаат изградени водоводи.Од вкупниот број на населени
места во општина Прилеп без сопствен водовод процентуално изразено се
67.75% населени места.
Водоводен систем во Прилеп
Првиот водоводен систем во Прилеп бил
изграден во 1948г. со употреба на вода од изворите непосредно од градот.
Со пораст на градот,капацитетот на изворите од 65l/s стана недоволен и во
1968г. се изградија длабоки бунари за обезбедување на дополнителни 30l/s.
Беа направени понатамошни осовршувања на локалните расположиви ресурси за
обезбедување на дополнителни 50l/s. Овие количини станаа недоволни во доцните 70-ти.
Во 1981г. се изгради водоводниот систем Студенчица.Тој користи вода од планински
извори на 75km оддалеченост од Прилеп.Тој со вода за пиење ги снабдува
Прилеп,Кичево , Осломеј и Крушево,а со вода за наводнување државниот
Тутунски Комбинат.Системот е проектиран за капацитет од 1500l/s од кои
Прилеп користи околу450l/s.Протоците од изворите се намалуваат во летниот
период.Во 1990г.,кога е забележана 1:100години суша,нивната издашност се
намалила дури до 260l/s. Количините на вода кои се дотурале до градовите
биле ограничувани и од многу индустрии во Прилеп било побарано сами да си
го организираат водоснабдувањето,за да им се даде можност на
домашинствата.Овие бунари се обично во приправна состојба,освен во некои
летни месеци како на пример во 1990г.,кога служат за надополнување на
расположливите површини.
Дотур на пречистена вода се врши непрекинато 24ч. Освен кога има потреба од поправки.
Табела количество произведена вода за Прилеп
| Година |
Студенчица |
Извори |
Бунари |
Вкупно |
1994
1995
1996
1997
|
8.202
8.793
7.645
9.477
|
1.267
1.496
1.336
1.388
|
121
-
-
-
|
9.590
10.289
8.981
10.865
|
градскиот водоводен систем постои и приватен систем на цевки кои му
припаѓа на државниот Тутунски Комбинат, а кој обезбедува вода за
наводнување на плантажите на комбинатот. Други
индустрии како што е Пиварата на Прилеп имаат сопствен систем на
бунари,кока што е прикажано во табелата.
| Индустрија |
Број на бунари |
Максимална Вкупна Издашност л/с |
Планирани Додатни бинари |
Пивара
Билјана текстил
Мермерен комбинат
|
5
1
1
|
30
10
6
|
2
0
0
|
Дистрибутивен систем во Прилеп
Сегашниот дистрибутивен систем се состои од 3 резервоари и околу 127km цевки со
дијаметар помеѓу 50mm и 700mm.Трите опслужни резервоари се со капацитет од околу
11065m 3 што е еднакво на 9ч.складирање,а што е доволна залиха
за задоволување на максималната часовна потрошувачка.Досега немало
проблеми со состојбата на резевоарите од армиран бетон.
Дистрибутивнит систем во Прилеп е поделен на две висински зони кои се контролираат со
опслужни резервоари.Притисокот во системот е околу 50m,освен на помали
подрачја каде изнесува 20m во ударен период.Во современата дистрибутивна
пракса просечниот притисок во Прилеп би се сметал за висок. Статичкиот
притисок во системот може да достигне до 70m.
Поголемиот дел од системот го сочинуваат азбест-цементни
цевки,претежно инсталирани во последните 30г.Претпријатието за водовод не
посочи некој посебен проблем на водоводната дистрибутивна мрежа.Во
извештаите од интервенциите на дистрибутивниот систем не с еистакнува
некој посебен проблем.
Материјал и должина на цевките во дистрибутивниот систем
| Дијаметар |
Галваниз. железо |
Лиено железо |
Азбест-цемент |
Челик |
Вкупно |
50мм
80мм
100мм
125мм
150мм
200мм
250мм
300мм
350мм
400мм
500мм
600мм
700мм
Вкупно
|
3510
250
3760
|
1070
1070
|
23085
33400
18185
8065
5730
3310
0
13855
0
11885
140
390
280
118325
|
800
2790
3590
|
27715
33730
18285
8990
8670
3510
250
14155
350
12285
640
990
980
126745
|
Со дистрибутивниот систем се поврзани вкупно 21095 корисници, воглавно со
цевки од галванизирано железо со мал дијаметар.Просечната должина на цевка
по коририсник е околу 6.2m.
Кај најголемиот број од домаќинствата и индустриските корисници водата се
мери, ддека кај повеќето општински корисници тоа не се прави.
Табела: Количини на фактурирана пречистена вода за Прилеп (000 m3)
| |
Домаќинства |
Индустрии |
Установи |
Вкупно |
1994
1995
1996
1997
|
3.024
2.953
3.004
3.157
|
1.547
1.586
1.607
1.488
|
132
144
157
136
|
4.730
4.682
4.782
4.831
|
Системот за водоснабдување во Прилеп, според извештаите на претпријатието за
водовод,е општо земено во добра состојба и не постои проблем од поголеми
размери.Намалувањето на расходите за одршување имаат влиaјание врз
состојбата на системот и неизвршените поправки и ремонти ќе мора да се
средат. За оваа цел е одобрена сума од 200 000 УСД.
Во градот 70% е изградена сепаративна канализација, 30% е неизградена. Во населените
места нема канализација. Фекалните води се испуштаат во реципиент без пречистување.
|
|
|
 |
|