| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Трговски друштва
|
 |
 |
 |
„Тутунски комбинат“ АД , Прилеп |
Тутунски Комбинат АД Прилеп од своето формирање во далечната 1873
г. постојано е синоним за квалитет на ориентален тутун и разни
видови на цигари. Денес, со своите близу 2000 вработени, Комбинатот
е организиран како современа холдинг компанија со следните дејности:
• Откуп и индустриска обработка на 6 до 8 милиони килограми
годишно на ориентален тутун од светски познатиот тип "ПРИЛЕП"
• Сопствено производство на околу 500 тони тутун од типот "Вирџинија"
• Производство на 6 до 7 милијарди цигари годишно, најмногу
од типот "american blend"
• Производство на близу 4 милијарди филтер стапчиња годишно
• Производство на разни видови лепила за тутунската
индустрија и за многу други намени
Хотелско-туристичка дејност со сопствен хотел во Охрид
Од 100 тони откупен и обработен тутун во почетокот на работењето, до денешните 8000 тони.
Од 31 милион парчиња цигари во 1955година, до преку 7 милијарди парчиња во последниве години.
Преку 90% од ферментираниот тутун од типот Прилеп комбинатот го извезува.
егови најголеми купувачИ сенајпознатите светски производители
на цигари од САД, Јапонија и земјите од Европската Унија.
 |
 |
„Витаминка“ АД , Прилеп |
Прехранбената индустрија А.Д. Витаминка, Прилеп, е формирана во
1956 година. Денес Витаминка е акционерско друштво со свое Собрание,
Надзорен одбор и Управен одбор.
Производниот програм на Витаминка опфаќа: слатки, кисели и солени
производи, производи потребни за секојдневниот живот на човекот,
производи за потрошувачите од сите возрасти, производи за предјадење,
производи што се користат како додатоци на јадењата, производи
за по јадење и производи што се користат како салати.
Столб на профитот на Витаминка се производите: „Стоби флипс“, чоколадите,
„Витакремот“, мајонезот, кечапот, зачинот „Дафинка“, супите, чоколадираните
производи, пудинзите, шлаговите, киселиот програм и др.
Производниот програм на Компанијата е многу широк, и по асортиман
(видови производи) и по типовите пакувања. Се смета дека денес
во компанијата се произведуваат над 170 видови пакувања кои, во
основа, се пласираат на пазарот во Република Македонија и во околу
25 земји во светот.
Најголем дел од производите коишто Витаминка ги пласира во странство се
пласираат на пазарите во: СР Југославија, Австралија, Германија,
Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Швајцарија, Холандија
и др. Годишниот извоз е во границите од околу 6,5 милиони ГМ,
од вкупно остварениот вкупен приход од околу 30.000.000 ГМ, со
тенденција на забележлив пораст на истите.
 |
 |
„Микросам“ ДОО , Прилеп |
 |
 |
„Микрон“ АД , Прилеп |
Почетоците на Прилепската Пиварница датираат од 1924 година.
Прилепската Пиварница престанала да работи со почетокот на Втората
светска војна, а после завршувањето на Втората светска војна, продолжи со
работа. Денес во погоните на Прилепската пиварница
годишно се произведуваат околу 150.000 хл. на висококвалитетно пиво и
безалкохолни пијалоци. Производите на Прилепската пиварница
се застапени и на пазарите во странство. Прилепската пиварница
е приватизирана согласно постојаните прописи и нејзината приватизираност
изнесува 68%. Прилепската пиварница брои 237
вработени, од 29 се со високостручна спрема.
Акционерското друштво "Жито Прилеп" претставува производна организација со три
производни единици: мелница, пекара и фабрика за добиточна храна.
Почетоците на ова претпријатие датираат од 1959 година. На почетокот
работеле околу 200 работници. До 1962година целото производсво било рачно.
Денес "Жито Прилеп" произведува повеќе од 20000 парчиња леб и над
50 видови на бели печива. Трговската мрежа располага со дваесетина
сопствени продавници низ општина Прилеп и сосема ги задоволува потребите
на потрошувачите.
Sponsoring: weltraumtickets.de weltraumticket.de
|
|
|
 |
|