| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
Клима: земјоделие
|
 |
За развојот на земјоделието големо значење имаат температурните крајности, пролетниот
и есенскиот минимум. Апсолутниот минимум на температура во 1971 година
изнесувал 0°, а тоа е знак дека растенијата мора да се заштитуваат
од замрзнување. Но и покрај тоа, минималните температури не се изразито
ниски, па затоа е можно да се одгледуваат повеќе видови на култури. Од
средномесечниот максимум, кој се јавува во месеците јули и август (околу
33,5°C) може да се заклучи дека во летото се јавуваат високи температури.
Вкупната сума на топлина во текот на годината за градот и околината изнесува околу
4124°C , а во текот на вегетативниот период на растенијата (од април
до септември) е 3346°C. Просечната количина на врнежите се движи околу
500-600 мм. Максимумот на врнежи се паѓа во пролет и есен. Максимумот
на врнежи е во април и изнесува 78,9мм и откомври кој изнесува 45,5мм.
Летниот минимум се јавува во месец јули и изнесува 18,9мм. Просечниот
воден талог за време на вегетативниот период на растенијата (од мај до
септември) изнесува 181,3мм. Ваквиот просек е идеален за одгледување на
некои култури, посебно за тутунот, додека за другите видови на растенија
на кои им е потребна поголема количина на влага потребно е истите да се
наводнуваат.
Ветровите како еколошки фактор заземаат посебно место во земјоделското производство.
Од нив зависи испарувањето на почвата. Тие ја проветруваат почвата и ги
разменуваат гасовите. Прилеп и околината во текот на годината имаат најчести
ветрови од североисточен правец. Североисточниот ветар дува со максимална
брзина 22,5 м/сек., и со средна годишна честина од 303 промили во однос
на ветровите од сите правци и тишини. Југоисточниот ветар дува со просечна
брзина од 3,8 м/сек., а честината му изнесува 136 промили. Западниот ветар
има честина од 92 промили, а северниот 81 промили. Најмала честина има
југоисточниот ветар - 16 промили.
|
|
|
 |
|