| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Буто сакала да докаже лажирање на изборите
Карачи - 2008-01-01
Истата вечер когае убиена, Беназир Буто се подготвувала да објави докази дека Изборната комисијаи главната државна разузнавачка агенција - Inter-Services Intelligence (ИСИ) –планирале да ги наместат претстоечките парламентарни избори
Ова го изјави сенаторот Латиф Коса, помошник на убиената лидерка на Пакистанската народна партија (ППП).
Коса, кој заедносо Буто е потписник на извештајот „Уште една дамка на лицето на демократијата”, објаснува дека Комисијата иИСИ планирале да издадат 25. 000 пополнети гласачки ливчиња за секој од 108-текандидати за парламентот воПенџаб од партијата која гоподдржува претседателот Первез Мушараф.
Според Коса делод изборната измама била тајно финансирана од американски извори. Тој вели дека Буто требала вечерта на 27 декември извештајот да го предаде на двајца американски сенатори.
„Државните агенцииманипулираат со целиот изборен процес”, тврди сенаторот водач на тимот на ПППза набљудување на изборите.
Гласноговорникот на претседателот Мушараф, овие тврдењата ги наречесмешни.
Во меѓувреме, синот на Буто, Билавал Зардари, кој е именуван за симболичен лидер на ППП, го напуштиПакистан. Овој 19-годишен оксфордскистудент со двете сестри отпатувал во Дубаи. /крај/хн/ил
|
|
|
 |
|