| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Македонија и Словенија да ја зајакнат стопанската соработка
Скопје - 2008-07-01
Стопанската соработкапомеѓу Словенија и Македонија е премногу мала, но постојат големи потенцијализа нејзиниот интензивирање и зајакнување во блиска иднина.
Ова денеска во Скопје го изјави генералниот директорна Стопанската комора на Словенија, Само Хрибар Милич за време на Македонско – словенечки бизнис форум, накој учествуваат претставници на пове е компании од двете земји.
„Македонија претставува многу перспективен пазар за словенечкото стопанство, а истовремено им нуди одлични услови на фирми за водење на бизнис“, изјавиХрибар.
Тој изрази уверување дека словенечките компаниинаскоро е го зголемат своето присуство во Македонија, каде што нема само дапродаваат, туку е дојдат со конкретни гринфилд инвестиции.
Според Хрибар, Македонија со условите што гиовозможува, како што се ниските даноци, образуваната работна сила, договоритеза слободна размена со ЕУ, Русија и земјите во регионот, е многу интересна за инвестиции.
„Минатата година трговската размена меѓу двете земји беше нешто поголема од200 милиони евра. Можностите таа наскоро да достигне милијарда евра се многуголеми, особено ако инвестициите кои ги имаме во план се реализираат“, речеХрибар.
Запрашан дали политичката ситуација во Македонијаво поглед на НАТО и евроинтеграциите може да влијае негативно врз словенечкитеинвеститори, Хрибар рече дека не верува во такво нешто.
„Стопанствениците се многу прагматични и тие знаатдека во Македонија политичката ситуацијаи покрај се, е многу добра“, изјави Хрибар.
Генералниот секретар на Стопанската комора наМакедонија, Јелисавета Георгиева ја изрази потребата во иднина компании оддвете држави заедно да работат на создавање на регионални производи.
„Коморите се пред предизвик повторно да го докажатсвојот авангарден капацитет и да ја воспостават матрицата на заедничкирегионален пазар“, рече Георгиева.
|
|
|
 |
|