| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
МВР: Едно лице загина, девет повредени во инциденти
Скопје - 2008-06-01
Најмалку еднолице загина, девет се повредени, а 11 се приведени во денешните вооружениинциденти регистрирани за време на изборниот процес, соопшти македонското МВР.
Според првичнитеполициски информации, загина лице од Скопје на 40 годишна возраст, додека друголице се наоѓа во животна опасност, а повредени се петмина граѓани кои оделе дагласаат.
Најнапната биласостојбата во Скопје и околината каде што се регистрирани двата најголемиинциденти. Едниот на излез од Арачиново, на селото Грушино, додека вториот воучилиштето “Даме Груев“, во скопската општина Чаир, од каде се ранетите.
Според МВР, воинцидентот во Арачиново се приведени девет лица, додека во населбата Чаир сеприведени две лица, од кои едниот е ранет и се наоѓа во животна опасност.
Полицијатаинформираше дека двата инциденти започнале откако врз припадници на полицијатае отворен оган.
Инцидентот воАрачиново се случил откако шест вооружени лица со автоматски пушки дошле воселото по што е побарана асистенција од мобилната единица на МВР.
Според иститеизвори, дошло до судир меѓу МВР и лица во четири патнички возила кои отворилеоган врз нив. Откако било возвратено на огнот, тие избегале.
Во возилата епронајдено поголемо количество муниција.
Во Скопје е пукановрз полицијата и од седиште на една политичка партија, која што учествува воизборите, наведуваат од МВР.
Постојатинформации и дека во село Камењане е приведен поранешен полициски функционер.
Полицијата информирашедека има регистрирано уште неколку инциденти и дека работи на истрагата, а најголемброј од тие што ги направиле инцидентите се идентификувани.
|
|
|
 |
|