| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
“Мост“: Гласањето прекинато во најмалку шест изборни места
Скопје - 2008-06-01
Притисоци, пукотници и редица неправилности изутринава регистрира граѓанската асоцијација“Мост“ која ги следи предвремените парламентарни избори што се одржуваатденеска во Македонија.
Гласањето, според“Мост“, е прекинато во најмалку шест изборни места, претежно во западнаМакедонија, каде и се регистрирани најголемиот број инциденти
Поради полнење икршење на гласачките кутии и слични инциденти, гласањето е целосно прекинато воцела општина Арачиново, во две избирачки места во Гостивар, две во Дебар, едново Боговиње и едно во Чаир и на овие изборни единици набљудувачи на “Мост“ сеизбркани.
Конфликти има иво селото Чифлик, Брвеница, Теарце, Боговиње, Горна бањица и други, наведуваграѓанската асоцијација “Мост“.
Одзивот нагласачите, до 10 часот, е најголем во првата изборна единица ИЕ 1 – 13, 88проценти, следи третата ИЕ 3 со 13, 24 проценти, ИЕ 4 со 12, 21 процент, објави“Мост“.
Одзивот нагласачите во втората изборна единица ИЕ 2 до 10 часот изнесува 11, 11 проценти, и во петата ИЕ 5 – 9, 78 проценти.
|
|
|
 |
|