| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Предвремени парламентарни избори во Македонија
Скопје - 2008-06-01
Македонија денеска гласа на првите предвремени избори од осамостојувањето за новиот состав на парламентот.
Право на глас имаат вкупно 1, 779, 116 лица, кои тоа може да го остварат до 19. 00 часот вечерва, кога сите 2. 976 избирачки места мора да бидат затворени.
Бројотна граѓаните евидентирани во Единствениот избирачки список е за 37. 667пове е во однос на изборите од 2006 година.
Ден пред другите, во саботата гласаа војниците, затворениците и лица кои се во притвор, внатрешно раселените лица, како и болните и немо ните лица.
За 120 места во парламентот се поднесени вкупно 18 листи од 18 коалиции, политички партии или група на граѓани, со вкупно 1, 540 кандидати за пратеници.
Изборите се спроведуваат според пропорционалниот модел, се гласа во еден круг, а освоените пратенички места е се пресметуваат според Донтовата формула.
Првите резултати од партиските штабови се очекуваат неколку часа по затворањето на избирачките места, а првичните официјални резултати, Државната изборна комисија (ДИК), треба да ги соопшти во рок од 12 часови по завршувањето нагласањето.
Гласањето на предвременитепарламентарни избори е го следат над 6, 000 домашни и странски набљудувачи.
Министерството за внатрешни работинајави дека на денот на гласањето е ангажира рекорден број наполицајци, особено на местата, кои во минатото се покажаа како критични ипотенцијално ризични. Најавена е „нулта толеранција“ кон насилниците наизборите.
За известување од изборите воМакеоднија се акредитирани околу 50 новинари од странство.
|
|
|
 |
|