| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
САД: Признавањето на уставното име, долгорочна одлука
Вашингтон - 2008-05-30
Промени во американската позиција околу употребатана уставното име на Македонија нема, бидеј и признавањето на државата под тоаиме е дел од долгорочната политика на САД.
Оваго соопшти заменикот портпарол на американскиот Стејт департмент Том Кејси, одговарај и на новинарско прашање во врска со одлуката на САД да ја поканиМакедонија да учествува на состанок посветен против ширење на оружје за масовниуништување под уставното име.
Тоапредизвика реакции на грчката и кипарската делегација, кои го откажаа учествотона состанокот во Вашингтон.
„Признавањетона Македонија под нејзиното уставно име е дел од долгорочна политика на САД, иво таа смисла, не треба да е изненадување за никого, вклучувај и ги и нашитепријатели во Грција и Кипар, дека тоа е името под кое американската Влада јапризнава Македонија и на тој начин и се обра а на сите состаноци и активностиводени од САД“, изјави портпаролот Кејси.
Тојнагласи дека нема промени и во американската позиција да продолжи да го помагапроцесот што го води медијаторот Метју Нимиц решавање на разликите околу името.
„Ниемногу добро разбираме дека има значајни разлики меѓу Грција и Македонија околупрашањето за името. Бевме силни адвокати на двете страни, пред и по самитот наНАТО, да го помогнеме процесот на Нимиц да се изнајде заемно прифатливо решениеза ова прашање. И тоа е позицијата која ја продолжуваме“, изјави Кејси.
|
|
|
 |
|