| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Кацин: ЕП фактички го призна Косово
Брисел - 2008-05-29
Состанокот на претставници наЕвропскиот парламент (ЕП) и Собранието на Косово во Брисел денеска означипризнавање на независноста на Косово, затоа што за прв пат беше истакнатознамето на независно Косово.
Оваго изјави известувачот за Србија во ЕП, Јелко Кацин. Европарламентарката и шефна делегацијата на југоисточна Европа, Дорис Пак, пред новинарите изјави декаЕП има целосно право да го истакнува знамето на „независно Косово“.
Назабелешката дека поради тоа Владата на Србија протестирала, Пак возврати отитоа е реакција на Белград, но дека тоа не е работа на српските власти да одлучуваатза работата на ЕП.
„Ниеимаме свои правила. Ние одлучивме да го прифатиме планот на специјалниотпретставник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари и она што се случуваоваа година е само продолжение на планот. Затоа имаме право да го истакнувамезнамето на новата држава“, истакна Пак.
Тааизјави дека директно не го добила протестот од српските власти и оти за такватареакција е запознаена преку српските медиуми.
Некоипратеници на состанокот го оспориле правото да се истакне знамето на независноКосово и барале во заедничкото соопштение од состанокот да се нагласи дека воПриштина независноста е прогласена еднострано.
|
|
|
 |
|