| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
„Зери“:ОН предлагаат договор на Србија за УНМИК
Приштина - 2008-05-29
Генералниотсекретар на Обединетите нации(ОН) Бан Ки Мун во писмо до српскиот претседателБорис Тади предлага договор за делување на УНМИК на Косово, по стапувањето насила на косовскиот Устав.
Приштинскиотвесник „Зери“, повикувај и се на западни дипломатски извори, вели дека вописмото што Бан Ки Мун е го упати до Тади , се предвидува полицијата восеверниот дел на Косово да биде под команда на УНМИК и под власт на ОН.
Истовремено, УНМИК полицијата и КПС одбија и другите припадници на полицијата од редовите насрпската заедница да бидат под директна команда на УНМИК, што доведе досуспензија на 270 српски полицајци.
Во областа насудството, според предлозите во писмото, се предвидува создавање надополнителни општински и окружни судови во регионите со мнозинско српсконаселение кои би требало да функционираат во рамки на единствениот косовскисудски систем.
Кога станува зборза царината, целта е да се обезбеди единствена царинска служба, што предвидува присуствона меѓународни цариници на најважните гранични пунктови.
Кфор и натаму биостанал најодговорен за надзор и контрола на границата, а меѓународнатаполиција, под надлежност на УНМИК, е ги надгледува граничните премини.
Српскатаправославна црква е има улога во заштитата и реконструкцијата на верскотонаследство.
Остварувањето наовие точки, според изворот на „Зери“, би било дел од договорот меѓу УНМИК иВладата на Србија.
Весникот понатамудодава дека доколку овие предлози останат во конечната верзија на текстот написмото до Тади , „косовската страна има причини за многукратна загриженост воврска со правецот во кој е се движи реконфигурацијата на УНМИК“.
Предвидено е БанКи Мун посебното писмо за улогата на УНМИК на Косово по 15. јуни да му упати и накосовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
|
|
|
 |
|