| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Руски генерал најави мерки против американскиот ракетен штит
Москва - 2008-05-28
Руската војска е ги преземе потребнитепротивмерки и така е реагира на американските планови за поставување наракетен штит во Европа, предупреди водечкиот руски генерал, Јевгениј Бужински.
Тој додаде дека официјална Москва не планира да развие сличен штит.
Бужински, вчера изјави дека Русија размислува за „асиметрични“ чекори доколкуСоединетите Американски Држави (САД) постават елементи на ракетна одбрана воЕвропа, но не сакаше да ги прецизира специфичните мерки што би ги презеланеговата држава.
Според него, Русија ги почитува предлозите со кои САД сакаат да ги ублажатруските стравувања, но оти тие не се доволни да ја променат перцепцијата наракетниот штит како закана на руската безбедност.
Вашингтон вети дека е го одложи активирањето на планираните нови локации воПолска и во Чешка, доколку се покаже дека Иран не претставува непосредна заканаза Европа.
Покрај тоа, САД на руските офицери им понуди да ги надгледуваат тие локации сошто би се осигурале дека безбедносниот американски состав не е вперен противРусија.
„Ние тие предлози ги поздравуваме како чекор во вистински правец, какопризнание дека руските стравови се втемелени“, изјави Бужински кој е на чело наодделот за меѓународна соработка на руското Министерство за одбрана.
Тој истакна дека доколку САД сакаат да ги отстранат руските стравови, мораат даотстапат од плановите за поставување на компонентите од ракетниот состав воЕвропа.
Со тврдење дека САД лесно и брзо би го прошириле ракетниот штит, рускиотгенерал го отфрли американското уверување дека планираниот радар во Чешка ибатеријата со десет ракети во Полска не се опасни за големиот руски нуклеаренарсенал.
|
|
|
 |
|