| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
МПЦ: Во словото на поглаварот Стефан нема територијални претензии
Скопје - 2008-05-26
Словото на поглаваротСтефан исклучувакакви и да е територијални претензии, а Грција намерно го злоупотреби со грубо вадење на зборовите од нивниотнепосреден контекст.
Ова се наведува во денешното соопштение од кабинетот на поглаварот на македонската црква, архиепископотг. г. Стефан, во врска со реакциитево Грција на неговиот говор на молебенот во Ватикан по повод денот насесловенските просветители.
„Ниту некогаш, па ниту сега, не може да се негира дека Солун не е татковина на првото наше и сесловенскописмо, составено врз основа на говорот на тогашните тамошни жители. И токмузатоа, Солун духовно и културно ни припаѓа нам и на сите словенски народи восите времиња“, нагласува поглаваротна Македонската православна црква (МПЦ), г. г Стефан.
Во соопштението се посочува дека словотона поглаварот Стефан е намерно злоупотребена со тоа штозборовите се грубо извадени од нивниот непосреден контекст и оти делот интегрално гласи „СветиКириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес вотвојот роден град се е пепел и прав и нема слобода ни за книга, ни за буква низа слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе икако ние денес, во ова наше време, забрането е не само говорењето и молењето натој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од онана тријазичниците во твое време. Светителе, денес се е урнато од она што бипотсетило и на тебе и на нас, и во Солун, и во Кукуш, и во Лерин, и во Костур. Таму не само живите, туку и покојните немаат мир. . . “.
„Колку би биле сре ни дачуеме барем еден противаргумент дека барем нешто од ова не е точно“, се додава во соопштението на МПЦ.
|
|
|
 |
|