| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Македонија заробена од иредентизам – реакција на Грција
Атина - 2008-05-26
Грција остро гиобвини државните и црковните лидери во Македонија за спрега во водењеиредентистичка политика, која ја загрозува стабилноста на Балканот и јаоддалечува државата од ЕУ и НАТО.
Острата реакција на грчката влада, политичарите, црквата, како и медиумите, уследи по говорот на поглаварот намакедонската црква, архиепископот Стефан во Ватикан. Тој на чествувањето поповод денот на сесловенски просветители, во присуство на државната делегација, наведедека Грција го негира постоењето на македонската нација и црква.
„Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун екамен на камен од твоето дело!. Денес во твојот роден град се е пепел и прав инема ни буква, ни слово од јазикот твој и наш. . . Таму се прогонува се што е македонскои се негира и името на земјата и името на црквата, се негира – вистина“, речепоглаварот Стефан, на молебенот на гробот на сесловенскиот просветители с. Кирил, во црквата Сан Клемент во Ватикан.
„Таквите иредентистички изјави сеопасни за регионалната соработка и стабилноста во кревкиот регион на Балканот“, нагласи во реакцијата шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.
Таа посочи дека изјавата наархиепископот Стефан, дадена во присуство на премиерот Никола Груевски, билакрајно провокативна и целосно неприфатлива и, пред се, ги докажала исправностана грчките аргументи и ставови кои инсистираат на решавање на прашањето заимето.
„Се додека ова прашање останенерешено, е служи како алатка и средство на застарен и историски неоснованиредентизам, опасен за регионалната соработка и стабилноста на кревкиотбалкански регион“, наведе Бакојани.
Шефицата на грчката дипломатијапредупреди дека Македонија „не може да оди напред кон евроатлантска иднина седодека е заробена во иредентистички ставови од минатото“.
Грчката црква во реакцијата прекусолунскиот митрополит Антимос наведе дека Грцијаникогаш нема да се согласи името Македонијада биде украдено и присвоена од нејзиниот северен сосед.
Кон острата реакција се приклучија иградоначалникот на Солун и пратеници од различни партии, а коментари објавија ипове ето весници.
|
|
|
 |
|