| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Бергант:Фер избори за демонстрирање на евро-атлантската заложба
Скопје - 2008-05-23
Одржувањето на слободни, фер и мирни избори во Македонија е јадемонстрира заложбата на земјата кон Евро-атлантските вредности и меѓународнистандарди.
Ова денеска за Макфакс го изјави амбасадорот на Словенија во Скопје Ален БрајанБергант, по состанокот на амбасадите контакт точки на НАТО во Брисел напочетокот на оваа недела.
Изборите, истовремено, се клучен тест за демократските институции во земјата, која ги има сите капацитети за организирање на слободни и фер избори безнасилство, изјави амбасадорот на Словенија, која е актуелен претседавач соЕвропската Унија (ЕУ).
По изборите новата влада треба да се формира што поскоро, за да може да гиудвои реформите вклучувај и ги и разговорите за прашањето за името, со што еја донесе земјата поблиску до добивањето на покана за членство во НАТО и надатум за почеток на претпристапни преговори со Европската унија, посочиамбасадорот Бергант.
Амбасадата на Република Словенија е контактточка на НАТО во Македонија од 1 јануари 2007 до 31 декември 2008 година.
Високи функционери на НАТО соопштија дека почетокот на јули е краен рокМакедонија да ги надмине разликите околу името со Грција и да се приклучи конпроцедурата за членство заедно со Албанија и Хрватска. Македонија, поради ветото на Грција, остана без покана за членство насамитот на НАТО во Букурешт.
|
|
|
 |
|