| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Уапсен Наим Алили, осуден за тероризам
Скопје - 2008-05-21
Полицијатапопладнево го уапси Наим Алили (39), осуден назатворски казни за пове е тешки кривични дела, меѓу кои и тероризам.
Наим Алили е уапсен во организирана акција на македонската полиција волипковскиот регион, соопштија вечерва за Макфакс извори во МВР.
Алили е дел од групата која ги поставувала бомбите на пругатаБелград-Скопје кај Куманово. Од 2001-та година се бара со потерница на МВР за одлежувањето на оваа казна, нои за убиство на жител на Куманово, за тепачка и за уште неколку тешки кривичнидела.
Извори во МВР не ја исклучијаможноста Наим Алили да бил вмешан и во оружениот напад врз полициска патрола воВаксинце, во 2007-та година, во кој полициски командир беше убиен, а двајца одпатролата ранети.
Братот на Наим, Заим Алили, е во притвор за вмешаност во оружениот напад врз полициската патрола, на 10 септември2007 година. Во нападот беше убиен Фатмир Алили (59), командир на полицискатастаница во селото Матејче, а ранети беа полицајците Јанче Китанов и СлаѓанКостовски.
Пове е детаљи за акцијата се очекува да бидат соопштени во четврток.
|
|
|
 |
|