| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Чешка го призна Косово
Прага - 2008-05-21
Владата на Чешка денеска јапризна независноста на Косово, соопшти чешкиот премиер Мирослав Тополанек.
„Чешка е воспостави дипломатски односи со Косово“, најави Тополанек.
Чешкитенереформирани комунисти не успеаа да го остварат својот предлог на денешнатаседница за закон со кој што на владата е и се забрани да го признае Косовозатоа што тоа е настанато во спротивност од меѓународното право.
Комунистичкитепратеници предложија, исто така безуспешно, во иднина признавањето на новитедржави од владата да премине во надлежност на парламентот. Таквиот предлог, според чешките комунисти имал за цел, во иднина да не се појавуваат „косовскислучаи на газење на меѓународното право“.
ПремиеротТополанек и вицепремиерот за европски прашања Александар Вондра се обидоа даиздејствуваат признавање на Косово уште на седницата од 2. април.
Тогаш, на признавањето се спротивстави клучниот коалиционен партнер, Христијанскатадемократска партија, под влијание на шефот на Чешката Република, Вацлав Клаус, почесниот шеф на Граѓанската партија на Тополанек. Премиерот тогаш не можеше данајде доволно гласови за признавање на Косово ниту меѓу редовите на своите конзервативци.
|
|
|
 |
|