| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Кривична пријава против основачите на „Пристоп МК“
Скопје - 2008-05-21
Одделот за организиранкриминал при МВР денеска поднесе кривична пријава против седум лица за учествоили помагање во даночно затајување на агенцијата за маркетинг „Пристоп МК“.
Осомничените се товарат дека го оштетиле во дванаврати државниот буџет за вкупна сума од 4. 471. 105 денари (72. 700 евра).
Кривична пријава поради основано сомневање за даночнозатајување е поднесена против Ј. М. (35) содружник и управител на „Пристоп МК“, Г. А (32) содружник во „Пристоп МК“, С. М. (35) управител во друштвото „Јоргос“ иЗ. С. (32) основач на друштвото „Фелас“, основач и управител на „Каел-СМГ“ исодружник на „Пристоп“.
Поради основано сомневање за помагање на кривичнодело с даночно затајување, кривични пријави заработиле И. Т. (48), Р. У (45) иЈ. И(75) сите од Скопје.
„Пријавените по претходен договор со цел „ПристопМК“ да ги избегне даночните давачки, преку прием и книжење на фиктивни фактуриод пове е друштва и со пренос на жирални средства од сметката на „Пристоп МК“на тие фирми дале лажни податоци за утврдување на износот по основ даночнадобивка“, се вели во соопштението на МВР.
|
|
|
 |
|