| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Сајовиц обвинува за саботажа на санационата програма
Скопје - 2008-05-21
Извршниот директор наМакедонската радио телевизија (МРТ), Јанез Сајовиц денеска го обвинипретседателот на Управниот одбор на јавниот сервис за опструкции и саботажа насанационата програма.
Синдикатот на вработените во МРТ вчера се закани со протест пред Владата, доколку до крајот на неделата не им бидат исплатени заостанатите две плати инадоместоците за храна и превоз за изминатите четири месеци.
СпоредСајовиц, претседателот на УО, Леонид Наков не ја прифатил санационата програмаза јавниот сервис усвоена од Владата минатото лето, поради што реализацијата напрограмата, која што било предвидено да заврши до крајот на 2009 година, доцнипет месеци.
Сајовицна денешната прес конференција во Скопје посочи дека Наков е активен член наСДСМ, што според законските одредби не му дозволува да биде член, односнопретседател на УО.
„Станувапове е од очигледно дека Наков, својата политичка и каква се не кариера сеобидува да ја гради преку луѓето во МРТ и преку мене лично. . . сметам дека нитујас, ниту било кој од вработените овде, не може да биде средство, ниту за таацел да се користат одредени сценарија“, истакна Сајовиц.
Тојобвини дека неговиот избор за раководител на Маркетинг службата бил исфрлен изаменет со раководителка блиска до Наков
Извршниотдиректор на МРТВ посочи дека од УО е повторно суспендиран во април годинавапоради одлуката да ја смени уредничката на првиот програмски сервис БилјанаЖеревска, која што според Сајовиц е блиска со Наков.
|
|
|
 |
|