| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Уапсен политичкиот шеф на ЕТА во близина на Бордо
2008-05-21
Мадрид: Уапсен политичкиот шеф на ЕТА во близина на Бордо
Политичкиот шеф на ЕТА, Хавиер Лопез Пена уапсен е во вторникот вечерта воБордо, во југозападна Франција, заедно со уште тројца членови на истатаорганизација, соопштија шпанските антитерористички служби.
Операција е водена против политичката структура на ЕТА, пренесе шпанскатадржавна телевизија. Шпанското Министерство за внатрешни работи го смета ЛопезПена, познат и како Тиери, за одговорен за атентатот извршен во декември 2006година на аеродромот во Мадрид при што загинаа две лица.
ЕТА со тој напад гопрекина примирјето склучено во март истата година. Лопез Пена од 1983 годинабеше во бегство.
Шпанските медиуми наведуваат дека тој учествувал и вонеуспешните преговори во 2006 година меѓу ЕТА и шпанската социјалистичка влада наХозе Луис Запатеро и оти бил еден од одговорните за прекин на примирјето.
|
|
|
 |
|