| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Матурантите, сепак, не влегоа во Гинис со квадрил
Љубљана - 2008-05-20
Матурантите од неколкубалкански држави, вклучувај и ја и Македонија, кои на 16 мај се обидоа давлезат во Гинисовата книга на рекорди за синхронизирано танцување, не успеајаво намерата.
Ова денеска го пишувабелградска „Политика“, наведувај и дека грешката била направена меѓуматурантите во Љубљана, од каде што и потекнува иницијативата за организирањена овој настан.
Во текстот на дописникотод Љубљана се наведува дека проблемот бил што дел од матурантите во Словенија, како и во неколку градови во Србија, за време на изведбата на танцот квадрил, носелеразлични маици, што е спротивно од пропишаното.
Додека најголемиот дел одматурантите, вклучително и оние во Македонија, биле облечени во пропишаните портокаловимаички, помал дел од матурантите кои учествувале во соборувањето на гинисовиотрекорд, носеле црвени маички.
Според „Политика“проблемот избил поради конфликтот на две познати танцови школи од Љубљана.
Портокалови маички имале матурантите кои учествувалево манифестацијата „Матурска парада-2008“, под патронат на најголематасловенечка школа „Уршка“, додека црвени маички носеле матурантите, под патронатна „Плезна звеза Словеније“.
И додека сите матуранти, кои во петокот го танцувапознатиот квадрил на Штраус, беа убедени дека со тоа е влезат во гинисоватакнига на рекорди, според прописите, доколку е облечени во различни маички значи дека не настапуваат заедно, туку сенатпреваруваат едни против други
|
|
|
 |
|