| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Помалку работа во странство за македонските градежници
Скопје - 2008-05-20
Обемот наградежни работи што македонските фирми ги извршиле во странство во првите тримесеци од 2008 бележи пад за 25 отсто во споредба со истиот период лани, а надоговорените зделки за 17 отсто.
Според податоците на Државниот заводза статистика, во периодот јануари – март градежните компании од Македонијаизвршиле градежни работи во странство во вредност од околу 5, 5 милиони евра, асклучиле договори за околу шест милиони евра.
Најголем пад на побарувачката на македонскатаградежна оператива во првото тромесечје има во Хрватска и во Бугарија.
Наспроти ова, македонскитеградежници значително го зголемиле обемот на извршени градежни работи воАлбанија и Црна Гора, а во помал обем во Србија, Русија и во Украина, покажуваатподатоците на Државниот завод за статистика.
|
|
|
 |
|