| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Над 30 отсто неопределени за вонредните избори
Скопје - 2008-05-20
Бројот нанеопределени гласачи е околу 32 отсто, што е за 11 проценти пове е, откако почна кампањата завонредните избори на 1 јуни.
Ова го покажуваат резултатите однајновата анкета, што Институтот за демократија од Скопје телефонски ја спроведенеделава врз 1, 116 испитаници.
На прашањето „за која партија бигласале, доколку утре би се одржале парламентарни избори“, неодреден одговоримале 32, 1 отсто од анкетираните. Неопределени во анкетата спроведенанепосредно пред почетокот на изборната кампања беа 21 отсто.
Најновата анкета покажува речиси идентиченпораст на рејтингот на владеачкиот ВМРО – ДПМНЕ и на опозициониот СДСМ, како ипад на рејтингот на двете албански партии ДУИ и ДПА.
ВМРО – ДПМНЕ има поддршка од 30, 2 одиспитаниците, (еден отсто пове е пред почетокот на кампањата), СДСМ – 10, 6отсто (пораст за 0, 8 отсто), ДУИ - 9, 2 отсто( 1, 6 отсто помалку), и ДПА 5, 6отсто (пад за 0, 1 отсто).
Според анкетата, најголема довербамеѓу политичарите има лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски 32, 3 отсто, што епораст за околу три проценти.
Пораст има и во рејтингот налидерката на СДСМ Радмила Ше еринска од 3, 2 на 5 отсто, додека опаѓа рејтинготна лидерите на ДУИ и на ДПА. На лидерот на ДУИ Али Ахмети од 11, 2 на 9, 1 отсто, а на лидерот на ДПА Мендух Тачи од 4, 5 на 4 отсто.
|
|
|
 |
|