| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Црвенковски на самит на ЈИЕ, можна средба со Караманлис
Скопје - 2008-05-20
Претседателот наМакедонија Бранко Црвенковски од денеска учествува на Самит на ЈугоисточнаЕвропа, во рамки на кој не е исклучено да има средба со грчкиот премиер КостасКараманлис.
Засега ниту кабинетот на Црвенковски, ниту на Караманлис, официјално непотврдија нивна средба на самитот на претседатели на држави или влади одПроцесот за соработка во југоисточна Европа (ЈИЕ), што почнува во Поморје, близу бугарското пристаниште Бургас.
Извори во кабинетот на македонскиотпретседател за Макфакс соопштија дека нема договорено средба Црвенковски –Караманлис. Сепак, истите извори не ја исклучија можноста да дојде до некаков контакт, додавај и дека Црвенковски е подготвен на средба со Караманлис, доколку за тоаима иницијатива од грчка страна.
Од кабинетот на Караманлис засега потврдијасамо негова средба со српскиот претседател Борис Тади.
Македонскиот претседател на дводневниот состанок во Поморје учествува напокана на бугарскиот премиер Сергеј Станишев.
Учеството на самитот, на којтема е напредокот на земјите одЈИЕ кон интеграцијата во Европската унија и НАТО, го потврдија ипретседателот на Молдова, Владимир Вороњин, како и премиеритена Хрватска и на Црна Гора, ИвоСанадер и Мило Ѓуканови.
Напоредно со самитот, е се одржи и состанок наниво на министри за надворешни работи, на кој се очекува да учествуваатшефовите на дипломатиите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Молдова, Романија, Србија и на Турција. Во официјалнатанајава не се спомнува учество на Македонија.
|
|
|
 |
|