| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Кина очекува помош од Македонија
Скопје - 2008-05-19
Кина денескаизрази очекување дека и Македонија е се вклучи големата меѓународна акција засобирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес.
„Помош за преживеаните пристигнуваод сите страни. Очекуваме кон тоа да се приклучи и Македонија“, изјавикинескиот амбасадор во Скопје, Донг Џунфанг.
Тој на отворањето на книгата нажалост во кинеската Амбасада, наведе дека земјотресот што ја погодијугозападната провинција Сечуан и досега однесе над 34, 000 животи, енајстрашниот што и се случил на Кина во последните 50 години.
Напоредно со ова, Црвениот крстна Македонија. денеска упати апел до македонските граѓани да се вклучат вохуманитарната акција за давање донации за настраданите лица во Кина и воМјанмар
Граѓаните е можат паричните прилозида ги уплатат во периодот од 19-31 мај на жиро сметка на фондот за солидарност300000001327999 отворен во АД Комерцијална банка. Истовремено, со едентелефонски повик на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор во Македонија, се донираат 100 денари за истата намена.
Акцијата е во организација на Федерацијата наЦрвениот крст и Црвената полумесечина, а планирано е да се обезбедат 50 милионишвајцарски франци за настраданите во Мјанмар и 20 милиони франци занастраданите во Кина.
|
|
|
 |
|