| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Четири странски компании за концесионирање на аеродромите
Скопје - 2008-05-19
Вкупно четири странскикомпании се квалификуваа во втората фаза од тендерот за концесионирање на аеродромите во Македонија, соопшти денеска Министерствотоза транспорт и врски.
Согласно предвидениотрок, тендерска документација доставиле “Vienna Airport” – Австрија, “TAV”-Турција, “Hochtief“-Германија и “EGIS” – Франција/Велика Британија. „Во следниот период е се изврши детално разгледување на пристигнататадокументација, по што Комисијата за спроведување на тендерската постапка, попретходно одобрување на Владата е достави барање за понуди од страна наквалификуваните компании“, се вели во соопштението. Јавниот тендер се однесуваза Проект за подобрување на техничката и финансискатасостојба на аеродромскиот систем во Македонија, кој се состои од аеродромот„Александар Велики“ во Скопје, аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид иизградба на нов карго-аеродром во Штип. Предвидено е аеродромскиот систем во Македонија да биде предмет на концесијаво период од 20 години. Во овој временски период, се очекува концесионеротречиси комплетно да ја реконструира инфраструктурата на аеродромите.
|
|
|
 |
|