| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Самак најави изградба на француска фабрика за автоделови во Бунарџик
Скопје - 2008-05-19
Можност за изградба нафабрика за производство на автомобилски делови во „Бунарџик“, од страна на еднафранцуска компанија, најави денеска министерот Веле Самак.
Како што е соопштено денеска од кабинетот на Самак, станува збор за Гринфилд инвестиција, вредна 60 милиони евра во првата фаза соможност во наредните шест години таа да достигне 100 милиони евра.
Француската фирма, чие име не е објавено восоопштението, е произведувала алуминиумски глави за моторите на Форд, Рено, Пежо, Цитроен, Џенерал Моторс и други.
Конечната одлука, според Самак, треба да ја донесеБордот на Директори, а покрај Македонија во конкуренција била уште една соседнадржава.
|
|
|
 |
|