| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Реакција на Милошоски за изјавите на Црвенковски
Охрид - 2008-05-17
Изјавите на претседателот на државата во врска со одлукитена владата за формирање нови универзитети и образовни институции претставуваиндиректно мешање во предизборната кампања.
Ова до Охрид го порача министерот за надворешни работи иносител на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во 5-та ИЕ, АнтониоМилошоски.
Сметаме дека господинот Црвенковски треба да биде неутрален и да не давакоментари особено не во области во кои многу малку направил тогаш кога ималможности да го направи тоа, рече Милошоски..
Милошовски изрази задоволство од досегашниот тек накампањата, но и загриженост од однесувањето на како што рече, некои активисти на политичките партии намакедонските Албанци кои ги сфаќаат изборите на поинаков начин.
„Упатуваме апел декаизборите се празник на демократијата и не смее насилството да бидезлоупотребено бидејќи тоа го нарушува угледот не само на политичките партиитуку и на Државата“,рече Милошовски.
Милошоски соопшти дека општинската организација на НСДП одРесен денеска потпишала договор за соработка со ВМРО ДПМНЕ и ќе ја поддржикоалицијата „За подобра Македонија“. Во рамки на предизборната кампањаМилошоски денеска го посети археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид.
|
|
|
 |
|