| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Британскиот премиер ги обвини властите во Мијанмар за нехуманост
Лондон - 2008-05-17
Британскиотпремиер Гордон Браун ги обвини властите во Мијанмар за нечовечко однесување бидејќи попречуваат странскатапомош да стигне до жртвите на разорниот циклон.
Според Браунрежимот во Мијанмар, каде 134.000 лица загинаа или исчезнаа, повеќе се грижи засопствено преживување отколку за народот.
„Тоа е нехумано”, рече Браун за Би Би Си во својата досега најостра критика на авторитарниот режим.
Браун рече дека природната катастрофа е „претворена во катастрофа која ја предизвикала човековата негрижа, занемарување и нечовечки однос кон народот од страна на режимот кој не делува“.
|
|
|
 |
|