| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Синодот на СПЦ ја презеде власта од патријархот Павле
Белград - 2008-05-17
Синодот наСрпската православна црква синоќа ги презеде сите функции од патријархот Павле поради неговата спреченост да ги извршува зарадидолгото лекување соопштено е во Белград.
СПЦ наведува декаодлуката е донесена под претседателство на митрополитот црногорско-приморскиАмфилохије.
Согласноцрковниот устав претседавањето со Светиот архиерејски собор, односно Синодот, гопрезема најстариот по производство член на Светиот архиерејски синод, митрополит.
Блиц пишува декаво СПЦ, чиј Собор заседава, дошло до судир околу тоа дали треба да се започнепроцедура за избор на нов поглавар.
Размерите насудирот се гледаат по тоа што внатре во СПЦ кружат информации дека за нов патријархсе разгледуваат епископот бачки Иринеј и епископот бањалучки Јефрем. Првиот, какопретставник на старогрчката, вториот како претставник на т.н. босанско-српскаструја.
Рускатаправославна црква упатила пред ден-два допис до СПЦ дека за време на животот напатријархот Павле не може да се отпочнува процедура за избор на нов патријарх,по што почнал да се намалува еланот на групата која смета дека СПЦ мора давлезе во процедура на избор на нов поглавар.
Според Политика којапишува за „Драматична поделбаво Соборот на СПЦ“, спороткој во отсуство на болниот поглавар ќе претседава со САС на СПЦ не бил разрешен вчера на вториот ден одработата на заседанието.
Патријархот Павле, кој има 94 години е префрлен кон средината на ноември 2007.година на лекување на ВМА.
|
|
|
 |
|