| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Изречени мерки неправилно известување од изборната кампања
Скопје - 2008-05-16
Емитување на платениогласи на органите на власта, прикажување малолетници во рекламни спотови инадминување на пропишаниот лимит за платена политичка програма.
Ова се најголемиот дел од констатираните прекршувањана правилата за известувањеод изборната кампања, за кои Советот за радиодифузија, на денешната седница, изрече мерки на неколку национални, регионални и локални телевизии.
Најмногу прекршувања на одредбата со која на медиумите им се забранува даемитуваат платени огласи и реклами со кои се промовираат резултатите иактивностите на органите на власта и на други државни и јавни институции, секонстатирани кај Програмата на албански јазик на Македонската телевизија. Истото прекршување е констатирано иод страна на Првата програма на МТВ, како и кај комерцијалните телевизии Телма, Скај Нет и МТМ, за што им е упатено укажување. Програмата на албански јазик наЈавниот радиодифузен сервис доби укажување и затоа што нејзин новинар активноработи и на вести и во кампањата на организатор на изборна кампања, односно наполитичка партија.
Кај дел од медиумите констатирано е појавување на деца во рекламнитеспотови, иако законски е забрането учеството на малолетници во политичкорекламирање
Неколку медиуми ја прекршиле и одредбата во врска со лимитите за платено политичкорекламирање, се вели во соопштението на Советот за радиодифузија.
На Канал 5, Телма и на ТВ Арт од Тетово им се изречени опомени поради прекршувањена законскиот лимит од 12 минути за емитување платено политичко рекламирање на еденчас. А1, Канал 5, Телма и Сител ја прекршија одредбата со која на еден учесник можеда му се додели најмногу 8, од вкупните 12 минути.
|
|
|
 |
|