| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Притвор за напаѓачите на Ахмети
Скопје - 2008-05-14
Министерството завнатрешни работи(МВР) поднесе кривична пријава против две лица од Тетово подсомнение дека го предизвикале инцидентот во селото Раковец, кога беше пукано вовозилото на Али Ахмети.
Пријава закривично дело „предизвикување општа опасност“ е поднесена против Џ. В. (28) одсело Раковец и И. Ф. (31) од Тетово.
На двајцата им еодредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што И. Ф. е спроведен во затвор, додека по Џ. В. полицијата се уште трага.
Како штосоопштуваат од МВР, двајцата во понеделникот, за време на предизборниот собирна Демократската унија за интеграција во село Раковец, дошле во селото иизвадиле автоматско оружје и на присутните им наредиле да го прекинат собирот ида го напуштат селото.
По вербалнитезакани Џ. В. испукал рафали кон возилата на делегацијата на ДУИ, но се миналобез човечки жртви.
Полицијата, поизјави на очевидци и по препознавање од страна на активисти на ДУИ, го привелаИ. Ф. , додека по Џ. В. се уште трага.
|
|
|
 |
|