| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Нападнат лидерот на ДУИ Али Ахмети
Тетово - 2008-05-12
Непознати лица денескапукале во возилото на лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ) АлиАхмети, за време на неговата посета на Боговиње.
Ова денеска, какошто јави дописникот на Макфакс, на прес конференција во Мала Речица го соопштиАхмети, кој додаде дека во инцидентот било повредено и едно дете.
Според лидерот наДУИ, по пристигнувањето во селото Раковец, општина Боговиње, дошло до рафалнистрелби од автоматско оружје, дел контролирани, но дел неконтролирани.
Ахмети нагласидека по престанокот на пукањето, излегол од штабот и влегол во возилото, по штоследел подолг рафален истрел во задниот дел на возилото.
„Ние ги знаеместорителите, а нив ги знаат и државните органи и меѓународните организации“, рече Ахмети.
Во моментотвозилото во кое бил Ахмети е на увид, а меѓународните претставници вршат увид ина другите две возила што биле во конвојот меѓу кои и на градоначалникот наБоговиње Невзат Елези.
„Јас ниту имам, ниту сум имал куршум за Албанците или било кој друг граѓанин на Македонија. Апелирам да се задржи мирот, бидеј и без разлика во која заедница се случуваатвакви настани, цената ја пла а цела Македонија“, додаде Ахмети.
Тој за денешниотинцидент како главни виновници ги посочи министерката за внатрешни работиГордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски.
„Јас сум лидер наполитичка партија во опозиција и немам механизми, ниту сакам да создавампаралелни механизми за заштита. Сакам да профункционираат државните органи, ноне врз основа на партиски, туку врз општи интереси на државата“, рече Ахмети.
|
|
|
 |
|