| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
ЕУ ја потврди поддршката за суверенитетот на Грузија
Тбилиси - 2008-05-12
Петмината министри за надворешни работи одЕвропската унија (ЕУ), кои денеска заминаа во мисија во Тбилиси, ја потврдијаподдршката за суверенитетот и територијалната целост на Грузија.
Вакватаподдршка од ЕУ доаѓа во момент кога расте напнатоста меѓу поранешната советскарепублика и Русија поради сепаратистичката проруска област Абхазија.
„ЕУја потврдува својата поддршка за суверенитетот на Грузија и нејзинататериторијална целост во меѓународно признатите граници“, изјави словенечкиотминистер за надворешни работи Димитриј Рупел, чија што држава претседава соУнијата.
Петминатаминистри за надворешни работи од Полска, Шведска, Словенија, Литванија и Летонијаденеска заминаа на средба со грузискиот претседател Михаил Саакашвили, со целда ги смират затегнатите односи меѓу Грузија и Русија.
Односитеособено се влошија изминатите неколку дена кога Русија гозајакна своето присуство во грузиската проруска сепаратистичка област.
|
|
|
 |
|