| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Протесна нота до Грција поради малтретирањето на македонските државјани
Скопје - 2008-05-12
Македонското Министерството занадворешни работи денеска на шефот на грчката Канцеларија за врски АлександраПападопулу и врачи протесна нота во врска со физичките напади врзмакедонски возачи во Грција.
Во нотата се наведува дека воизминатите неколку денови се пријавени три поединечни случаи на насилносопирање, малтретирање и навредување на македонски државјани во РепубликаГрција, како и оштетување на нивните возила од непознати лица.
Според нивните сведочења, возачитена товарни возила со македонски регистарски таблички биле сопрени и нападнати, во два случаи во близина на градот Лариса, односно на автопатот Кавала – Солун.
Притоа, МНР изразува загриженост што едниот инцидент се случил во присуство на две возилана грчката полиција, која не презела никакви мерки да го спречи актот нанасилство.
Министерството за надворешни работина Република Македонија укажува дека со ваквите вандалски чинови, не само штосе попречува слободата на движење на лица и стоки, што е една одфундаменталните вредности и принципи на Европската унија, туку и најдиректно сезагрозува безбедноста и физичкиот интегритет на македонските државјани, што одсвоја страна, не придонесува за градење на добрососедски односи и доверба меѓународите.
Со оглед на зачестеноста наинцидентите кои попримаат загрижувачка димензија, МНР, очекува од надлежнитегрчки органи итно да преземат соодветни мерки, со цел спречување на сличнинасилства по патиштата низ Грција.
|
|
|
 |
|