| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Избори во Србија
Белград - 2008-05-11
Општи избори сеодржуваат денеска во Србија, што се поистоветуваат со референдум дали засрпските граѓани приоритет е членство во Европската унија или Косово.
На овие предвременипарламентарни избори, со кои напоредно се одржуваат и покраински и локални, главни фаворити се Српската радикална партијапредводена од Томислав Николи и проевропската листа, предводена одДемократската партија на шефот на државата Борис Тади.
Тесните резултати од последнитеанкети наведуваат дека клучот за формирањето влада може да е во коалицијата наДемократската партија на Србија на досегашниот премиер Воислав Коштуница ипартијата Нова Србија на Велимир Илик од една страна, и оддруга на коалицијата на Социјалистичката партија на Србија, Партијата наобединетите пензионери и Единствена Србија
Во предизборната кампањајасно се дефинираа два блока – „европскиот“ на Тади , кој се залага за брзаинтеграција кон ЕУ, и „народнио- радикалниот“ на Коштуница и Николи , кои формално се за ЕУ; но само со цела Србија сосуверенитет врз Косово.
Републичката изборнаКомисија (РИК) ги прифати кандидатурите на 22 изборни листи на партии икоалиции за парламентарните избори, за кои е одлучуваат околу 6, 7 милиони граѓанисо право на глас.
И покрај големиот бројпартии што учествуваат на парламентарните избори, само неколку од нив имаатреални шанси да го минат изборниот цензус од пет отсто и да освојат пратеничкимандати. Овој цензус не се однесува на партиите на малцинствата.
Според последнотоистражување на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСид), најсилна еСрпската радикална партија на хашкиот обвиненик Воислав Шешељ, за која сеизјасниле помеѓу 1, 4 и 1, 55 милиони испитаници.
За изборната листа „Заевропска Србија“, која ја предводи Демократската партија на Борис Тади , накоја се и Г17 Плус, Лигата на Социјалдемократи на Војводина, Демократскатапартија на Санџак и Српското движење за обнова, својот глас го дале помеѓу 1, 35и 1, 5 милиони испитаници.
Од вкупниот број избирачи, се проценува дека секој од овие два најсилни блока Ќе добие меѓу 32 и 34 отстоод гласовите,
Коалицијата наДемократската партија на Србија на Коштуница и Нова Србија на Илик може дасмета на околу 500, 000 гласови (десет отсто), а коалицијата насоцијалистите и пензионерите околу осум отсто.
Проценките се декапартиите на малцинствата можат да освојат десет мандати од вкупно 250 вопарламентот.
И покрај противење на косовските имеѓународните институции, Србите на Косово најавија дека масовно е гласаатденеска за српските локални и парламентарни избори во Србија. Право на гласимаат околу 115, 000 гласачи во 23 општини.
Општите избори во Србија, како и досега, е ги следат набљудувачи на ЦеСид, ОБСЕ, како и претставници наСоветот на Европа и на руската Дума.
Првите прелиминарнипроценки за изборните резултати се очекуваат пред полно.
|
|
|
 |
|