| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Официјален старт на изборната кампања
Скопје - 2008-05-11
Изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Македонија стартуваофицијално од денеска.
Предвремените избори беа распишаниоткако Демократската унија за интеграција(ДУИ) до собранието поднесе барање засамораспуштање, што беше поддржано и од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата остро се спротивстави напредвремените избори, со образложение дека тоа е ја оддалечи земјата од ЕУ иНАТО.
Два политичка блока полека сепромовираат во Македонија, со тенденција тие да станат единствени политичкиопции околу кои во иднина е се кршат копјата за избор на нова власт.
Од една страна е партијатаВМРО-ДПМНЕ, околу која се собираат помалите партии на заедниците во земјата, додека од друга страна е СДСМ, во чија коалиција влегуваат нивните докажанипартнери од минатото, со некои исклучоци.
Главнитесили сега се концентрираат кон изборната кампања, во која граѓаните треба да се убедат во успешноста напартиските програми што е ги претставуваат двете големи коалиции.
На парламентарните избори со ВМРО- ДПМНЕ екоалицираат 19 партии. Коалицијата „За подобра Македонија“ на 1 мај го потпиша стратегискиот договор за коалицирање исега таа се прошири и со ДОМ, Демократскиот сојуз, Социјалистичката партија, ВМРО-Македонска, Сојузот на Ромите и уште четири ромски партии.
На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, довербаму укажаа Иван Стоиљкови , Кенан Хасипи и Невзет Мустафа кои на претходнитеизбори беа дел од коалицијата на СДСМ. Причина за ваквиот потег беа измените назаконите со кои на помалите етнички заедници им беа дадени поголеми права.
Од оваа коалиција најавуваат дека епродолжат со реализацијата на програмата од минатите избори „Преродбата во 100чекори“, но овој пат надградена и проширена.
Од друга страна, „Сонце - коалиција за Европа“ е сојузотшто е го предводи опозициониотСДСМ.
Називот на европската коалиција, во која заедно сосоцијалдемократите е настапат уште шест партии - НСДП, ЛДП, ЛП, Новаалтернатива, Зелената партија и Партијата на пензионерите, има своевиднасимболика дека „сонцето од македонското знаме е стане дел од европскотосоѕвездие“.
Здружената опозицијата од седум партии, предводенаод СДСМ, ветува покана за во НАТО и датум за преговори со ЕУ наредниве шестмесеци.
Во албанскиот блок главниот дуел е се води помеѓуДУИ и ДПА, иако не сеисклучува можноста забележителен успех да остварат и ДУА и ПДП.
|
|
|
 |
|