| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Посебен сообраќаен режим во недела поради скопскиот маратон
Скопје - 2008-05-10
Променет режим на сообраќај, како и промена нарежимот на работа на јавниот градски превоз најавен е за утре во Скопје, порадиодржување на манифестацијата Скопски Маратон.
Посебниот режим ќе биде на сила во периодот помеѓу 8:30 - 14:00, при што неколку улици ќе бидатцелосно затворени за сообраќај, а неколку улици делумно затворени.
Целосно затворени ќе бидат улиците Димитрије Чуповски, Илинденска, Рузвелтова, Адолф Циборофски, Митрополит Теодосиј Гологанов,11 Октомври, делот на бул. Крушевска Република од семафорите кај ТутунскиКомбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. 3 МакедонскаБригада од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со. ФрањоКлуз, како и десната коловозна лента од бул. Јане Сандански
Делумно затворени ќе бидат следниве улици иправци: десната коловозна лента од бул. Климент Охридски во правец од кајМатица до семафорите кај Влада, ул. Љубљанска во правец од бул. Илинденска досемафорите кај бул. Партизански одреди, ул. Московска во правец од бул.Партизански Одреди до Студентскиот дом Гоце Делчев.
|
|
|
 |
|