| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Изборите да бидат прослава на демократијата
Скопје - 2008-05-10
Македонија на 1 јуни има уште една можност да ја демонстрира својата воља и подготвеност да го продолжи патот кон Евро-Атлантските структури преку одржување фер и демократски избори.
Оваго соопшти Амбасадата на Холандија во Скопје, најавувај и финансиска поддпшка на конкретни активности во прилог на одржување на мирни и демократски избори, како и достоинствена кампања.
Амбасадата е издвои 30. 000 евра за граѓанскатаасоцијација МОСТ и 15. 000 евра за Националниот Демократски Институт, којшто е го вклучи и Македонското Женско Лоби за да се зголеми учеството на жените во изборниот процес.
„Силно ги охрабруваме сите политички партии да го поддржат и промовираат потпишаниотКодекс за фер избори процес и ги повикуваме сите партии инволвирани во процесот да гиспречат инцидентите“, соопшти холандскатаАмбасада.
„Институциите на земјата и сите политички партии имаат одговорност активно да ги спречат инцидентите и да испратат силна порака до партиските активисти и поддржувачи да овозможат одржување на фер и демократски избори. Холандија, како и други членки на меѓународната заедница, е го следи изборниот процес одблиску во следните неколку недели“, се наведува во соопштението.
|
|
|
 |
|