| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Разрешени шефот на воената тајна служба и двајца генерали
Тирана - 2008-05-10
Разрешени од должноста се шефот наВоената тајна служба на Албанија Хисни Ѓерѓи , како и двајца високи воени раководители, јави дописникот на Макфакс.
Разрешувањатана Хисни Ѓерѓи, како и на генерал мајорот Шпетим Спахиу, командант наобединетите сили и на бригадниот генерал Зија Бахја, командант за логистика на Армијата се по барање на министеротза одбрана Газменд Окета. Тој изјави дека тројцата имале информации заработилницата за демонтирање на муниција во Грдец, и можеле да превземат активности за спречување на трагедијатаво која животот го загубија 26 лица.
Шефотна Тајната воена служба Ѓерѓи и генералите Спахиу и Бахја се повикани неколку пати во јавнотоОбвинителство да дадат изјави околутрагедијата.
Јавнатаобвинителка Ина Рама, во врска со истрагата околу Грдец, изјави дека спореддосегашните сознанија, има сомневање дека има и одговорни на високи функции.
Еденод оние врз кого е покрената истрага е поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу за кого е покренато ибарање за одземање на пратеничкиот имунитет.
|
|
|
 |
|