| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Фуере: Удвојте ги реформите за да го фатите возот за ЕУ
Скопје - 2008-05-09
Македонија сигурно ќедобие датум за преговори, доколку до есен ги исполни бараните реформи, оцениденеска евроамбасадорот Ерван Фуере.
„Наша желба е веднаш штом ќе завршат изборите, целата енергија на новатавлада како и на државните институции и сите политички партии консензуално дабиде насочена кон остварувањето на осумте критериуми“, рече Фуере.
Според него, Македонија има капацитет да ги исполнизадачите од Европската комисија. Ние сакаме тој успех да се случи, а тоа зависи од вољата на политичкителидери“, изјави Фуере на „Европскиот ден на претприемачот2008“, што денеска се одржува во Скопје
Фуере изрази и оптимизам дека Македонија до крајотна годината ќе ги исполни сите потребни барања што ЕК ги достави залиберализација на визниот режим.
Говорејќи предмакедонските бизнисмени, Фуере укажа дека подобрувањена деловната клима е меѓу осумте критериуми и ги повика властите да ги удвојатреформите во оваа област.
Неопходнисе итни реформи во борбата против корупцијата, посочи Фуере, нагласувајќи декаДржавната антикорупциска комисија мора да заземе прогресивен пристап.
Потребно е да се зајакненезависноста на Државните Агенции и Регулаторните тела, да се обезбеди равноправентерен за сите потенцијални инвеститори, како и јасно да бидат дефиниранинадлежностите на централната и на локалната власт, околу сопственоста надржавниот имот.
Обраќање на денешнатацеремонија имаше и министерката за економија во оставка Вера Рафајловска којаговореше за огромното значење на малите и средни претпријатија, кои го ималеедно од приоритетите места во агендата на владата.
„Растечкиот број на малитеи средни претпријатија го апсорбираа најголемиот дел од работната сила, повеќеод 70 отсто од вкупно вработените“, рече Рафајловска.
Претседателот наЕвропската бизнис асоцијација Гинтер Офнер истакна дека покрај политичкитепрашања, пресудно за прием на една држава во ЕУ е економскиот раст, што вомногу зависи од малите и средни претпријатија.
Тој препорача дека епотребно владата целосно да се насочи кон поддршката на овој сектор, како и дасе работи на будење на претприемничкиот дух кај младите.
„Европскиот ден на претприемачот2008“ се одржува секоја година во рамките на одбележувањето на Денот наЕвропската унија -9 мај. (крај)ап/ег
|
|
|
 |
|