| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Хасан Ченгиќ поврзан со Ал Каида
Сараево - 2008-05-09
Влијателниотбосански политичар и бизнисмен Хасан Ченгиќ имал деловни врски и префрлувалпари на еден од клучните финансиери на терористичката мрежа Ал Каида, СаудиецотВаел Хамза Џелајдан (Wael Hamza Jelaidan).
Ова денеска го пишува сараевскиотвесник „Слободна Босна“, додавајќи дека постојат непобитни докази отихуманитарната организација Third Wolrd Relief Agency (TWRA), која ја воделе Ченгиќ и Суданецот Фатих АлХусанеин во 1993 година на сметки со кои раководел Jelaidan префрлила 7.758 илјади американскидолари и 4.250 илјади германски марки.
Весникот објавува и копија од трансакционатакартичка на која стојат имињата на Ченгиќ и Џелајдан.
Претходно, сараевските гласилајавија дека Ченгиќ, кој своевремено бил близок соработник на босанскиот лидерАлија Изетбеговиќ, е под истрага на Антикорупцискиот тим на Високиотпретставник за БиХ под сомневање дека учествувал во финансирањето натерористичките напади на Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.
Засега нема податоци за што сепотрошени фондовите на TWRA,која требало да им дава помош на муслиманите во Босна, но се знае дека таахуманитарна агенција била под истрага во повеќе земји поради сомневања занезаконско работење и перење пари.
Саудиецот Џелајдан (51) во осумдесеттитегодини бил претседател на Исламскиот центар во Тусон во Аризона и му се придружилна Осама бин Ладен во борбата против Советите во Авганистан. Тој потоа бил начело на хуманитарната организација Рабит во Пакистан и заедно со Абдулалах Азими Бин Ладен бил трет најважен човек кој ја координирал помошта од арапскиотсвет за Пакистан и Авганистан.
|
|
|
 |
|