| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Пронајдени остатоци од исчезната жртва на серискиот убиец од Охрид
Скопје - 2008-05-08
Пронајдени се човечкикоски, за кои полицијата се сомнева дека се од Ракип Рахим, кој две години се води за исчезнат, а е жртва напритворениот Лазо Радески, осомничен за серијата убиства на локални дилери надевизи.
Полицијатасоопшти дека покрај ова го расветлила и убиството на Спиро Ставревски, убиен лани во февруари, чие тело беше пронајденво мај закопано на Славеј планина.
Деновиве воатарот на село Оровник – Охридско, сепронајдени 28 парчиња човечки коски и парчиња ткаенина, кои веројатно потекнуваат од облека, а закои основано се сомневаме дека се всушност остатоци од Рахим, соопшти полицијата, додавај и дека тој бил убиенво мај 2006.
Откако сознанијатаму го предочила на осомничениот Радески, тој ги потврди делата и јапосочи наведената локација на која го однел и го закопал телото на Рахим.
Двајцатаубиени работеле на црниот девизенпазар во Охрид, а осомничениот им должел поголема сума пари, мотив покрај грабежот бил и долгот. Од истрагатасе покажа дека на Ставревски, осомничениот му должел 800 евра, додека на Рахим1 300 долари.
За убиството на Ставревски денеска е поднесена кривичнапријава, додека по комплетирањето на ДНА анализата е следува соодветна пријаваи за убиството на Рахим.
Откритијата наполицијата на серијата убиства, уследи откако во април беше расветлено убиството на охридскиотпрепродавач на девизи Трајче Цоцевски (60), последната жртва на Радески.
Осомничениот сетовари за вкупно четири убиства, меѓу кои и на Т. Т, извршено на 25февруари 1999 година.
|
|
|
 |
|