| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
НБМ ја зголеми каматната стапка на благајничките записи
Скопје - 2008-05-07
Народната банка на Македонија (НБМ) денеска ја зголеми каматната стапка на благајничките записи од шест наседум насто, за да ја стабилизира инфлацијата, која има забавен растеж.
Според податоците на НБМ месечнатастапка на инфлација во април изнесуваше 0, 4 насто, а просечната инфлација езголемена на 9, 7 насто (во февруари 9, 1 и во март 9, 5 насто). Годишната стапкана инфлација (април 2007/април 2008) изнесува 10, 1 проценти. Базичната стапка на инфлација (без храна иенергија) во април минимално се намали на 2, 6 насто во однос на март, когаизнесуваше 2, 7 проценти.
Во првиот квартал продолжипродлабочувањето на трговскиот дефицит, кој на годишна основа е зголемен за 80насто, со забавен извоз (9, 5 насто), во однос на увозот на стоки (30, 8проценти). Имај и го предвид зголемувањето на увозот за стоки за широка потрошувачка, може да се рече дека рапидниот раст напотрошувачките кредити и зголемувањето на платите придонесуваат за создавање надебаланси.
Годишната стапка на растеж накредитите во март годинава достигна 42, 2 насто, при речиси 60 процентен годишенрастеж на кредитите на населението, што дополнително ги стимулира инфлаторнитепритисоци.
|
|
|
 |
|