| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Сурои:Ново Придњестровје се раѓа на Косово
Варшава - 2008-05-07
Некакво Придњестровје настанува на Косово, а Европската унија(ЕУ) мора да сезапраша дали сака протекторат уште 20 години или држава Косово што еднаш евлезе во Унијата.
Ова, во денешното интервју заполскиот весник „Газета виборча“, го изјавува косовскиот политичар и публицистВетон Сурои.
„Од прогласувањето нанезависноста, Косово фактички е поделено на српски север и албански југ“, велиСурои.
Тој додава дека на подолг роксе опасни нејасните надлежности, кога на Косово владеат четири клучни играчи –косовската влада, УНМИК, мисијата ЕУЛЕКС и Србите на северот.
„Тешко може да стане збор забило каква контрола. На северот сега имаме еден вид Придњестровје. Сметам декаЕУ мора да се запраша дали на Косово е има протекторат уште 20 години, илиземја што за 10 до 15 години е биде кандидат за ЕУ“, рече Сурои.
Намерата на официјаленБелград да организира српски локални избори и на Косово за Сурои е лош потегшто може да предизвика насилства.
„Само без потреба е сепокачи тензијата, може да избувнат насилства. Тие неколку илјади гласови наСрбите од Косово немаат никакво значење за исходот. Станува збор за пропагандаза да се покаже дека Косово е дел од Србија“, додава Сурои во денешнотоинтервју за полскиот весник „Газета виборча“.
|
|
|
 |
|